На подготовките пред стартот на новата сезона во НБА лигата, во таборот на актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс пред неколку дојде до тепачка.
Денеска, на социјалните мрежи се појави видео од инцидентот на тренингот, на кое се гледа како Дрејмонд Грин прво му се внесе во лице на Џордан Пул, по што бекот го оттурна соиграчот.
Грин на тоа реагираше така што буквално со еден удар во нокаутира Пул.
TMZ obtained the video of the altercation between Draymond Green and Jordan Poole at practice https://t.co/55rMnBqAVG pic.twitter.com/k02BGsBo8G
— philip lewis (@Phil_Lewis_) October 7, 2022
Спорт Илустрејтед“ пишува дека промената на однесувањето на Пул во текот на целото лето била причина за Грин да брутално да го нападне.
Новинарот Крис Хејнс тврди дека Пул се однесувал како арогантно на тренинзите пред почетокот на новата сезона во која Голден Стејт ќе ја брани титулата и притоа го навредил Грин.
Пул на еден од тренинзите откако постигнал поени преку Грин му рекол „трипл сингл“, алудирајќи на тоа што еден од најдобрите дефанзивци нема двоцифрен број на поени, скокови и асистенции на натпреварите зад своето име.