620
Огромната гужва и километарските редици на автомобили кои денеска заглавија на граничниот премин „Богородица“ ги кренаа страстите кај возачите.
На социјалните мрежи се појави видео на кое еден од нервозните возачи, со клоци и тупаници напаѓа и удира возач кој е во автомобилот.
Според очевидците кои го објавија на Фејсбук, наводно се работи за српски државјани кои се степале поради тоа што едниот сакал да влезе во колоната пред другиот. Наводно на тепачката и претходела и друга тепачка, на нивните сопруги.
Засега од институциите нема некаква официјална информација за инцидентите. Во прилог видеото кое кружи на социјалните мрежи од тензичниот ден на границата со јужниот сосед.
https://www.facebook.com/antic.tanja/videos/10211736122372599/