(ВИДЕО) Тензиите во Советот на Град Скопје, Арсовска кон Славески: Хитлер!

by Fokus

Тензично беше денеска во Советот на Град Скопје откако дојде до нова расправија помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески.

Расправијата беше околу „исчезнатиот“ микрофон на главната говорница кој Славески го зеде и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.

Веднаш после тоа, првиот човек на Град Скопје, Арсовска упати жестоки зборови кон Славески нарекувајќи го Хитлер и ситен „лопов“, за подоцна седницата да биде прекината.

Поврзани новости