861
Во тензична атмосфера почна денес седницата на Комисијата за политички систем во Собранието, како што може да се забележи од видео што го снимиле опозициски пратеници, пренесува „360 степени“.
Како што се гледа на видеото, опозициските пратеници се собираат околу говорницата во салата „Борис Трајковски“, додека пратеникот на ГРОМ(ВМРО-ДПМНЕ) Љупчо Пренџов зборува за непочитување на процедурите при утврдувањето на дневниот ред за денешната седница.
Во тоа време, пак, пратениците од мнозинството ја напуштаат салата.