Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потпиша извршен декрет со кој се прогласува дека земјата е во внатрешен вооружен конфликт.
Тој изјави дека во земјата има голем број организирани криминални групи кои ги означи како терористички организации, додавајќи дека на вооружените сили им наредил да спроведат воени операции за неутрализирање на овие групи.
Напаѓачите синоќа упаднаа во студио за време на директен ТВ пренос и ги принудиле вработените да легнат на подот, додека во позадина се слушале истрели и викање.
Полицијата во меѓувреме соопшти дека ги евакуирала вработените.
🇪🇨⚡️🪖 — EQUADOR: “Não podemos permitir que nosso povo se deixe intimidar. Se mexem com o povo equatoriano, mexem com as Forças Armadas”, foi a mensagem da instituição após os acontecimentos violentos no país. pic.twitter.com/bowR7qH2eB
— jonataribas (@jonataribas_) January 10, 2024
На социјалните мрежи може да се видат и видеа од армиски тенкови кои се донесени на улиците на главниот град.
Еквадор е во вонредна состојба поради бегството од затвор на водачот на озлогласената криминална група Адолфо Масијас Виљамар, познат како Фито, по што беа киднапирани најмалку седум полицајци, а низа експлозии беа забележани во текот на земја.
Групата на Фито, меѓу другото, е осомничена и за убиство на претседателски кандидат во Еквадор.
Поради бранот насилства во Еквадор, владата на Перу прогласи вонредна состојба на северната граница со таа земја.
Перуанскиот премиер Алберто Отарола најави дека неодреден број воени трупи ќе бидат распоредени за поддршка на полициските сили како дел од прогласувањето вонредна состојба на границата.