SKY NEWS ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа како руско воено волзило во Киев прегазува цивилен автомобил.
Инцидентот се случил околу 10 километри северно од зградата на украинскиот парламент. Објавена е и снимка на која се гледа како собрани луѓе се обидуваат да го извлечат возачот од згмечениот автомобил. Би Би Си објави дека од автомобилот е извлечен постар маж.
The Independent наведува дека до снимката дошол преку локален жител кој кажал дека руските „ослободители“ на улиците на Киев газат автомобили со цивили.
Меѓутоа, се уште нема официјална потврда за тоа на која земја и припаѓа тенкот. Некои пишуваат дека всушност се работи за украински тенк и дека возачот изгубил контрола над тенкот.
Penzioner civil je isprovocirao ruski tenk u korist zapada pic.twitter.com/OEWNctqWUX
— Toliko. (@parun_) February 25, 2022