Повеќе од илјада луѓе се собраа во близина на црквата во Москва за да му оддадат почит на Алексеј Навални.
Неговото тело е предадено на неговите роднини и набргу со погребно возило ќе биде пренесено во црквата, соопшти неговата портпаролка Кира Јармиш.
Претходно членовите на неговиот тим се пожалија дека сè соочуваат со потешкотии во организацијата на церемонијата. Неговата портпаролка Кира Јармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата.
Леонид Волков, шеф на кабинетот на покојниот руски опозиционер, во серија објави на „Икс“ рече дека не е сигурен како властите и полицијата ќе се однесуваат.
Групите за човекови права ги советуваа луѓето што присуствуваа на церемонијата да ги запишат контактите на адвокатите што може да им помогнат доколку бидат уапсени. Тие исто така беа поканети да ги понесат со себе пасошите и мали шишиња со вода.