Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека експлозијата во која загинаа стотици луѓе во болница во Појасот Газа, се чини дека не била предизвикана од Израел.
– Врз основа на она што го видов, се чини дека „другиот тим“ го направи тоа, а не вие - му рекол Бајден на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на средбата.
Тој додаде дека, сепак, има многу луѓе кои не се сигурни што ја предизвикало експлозијата.
President Biden comments on the strike on the hospital in Gaza and says it appears it was done “by the other team”. pic.twitter.com/VcmhbizYGM
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 18, 2023
Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, соопшти дека болницата била погодена од израелски воздушен напад.
Израелската војска негираше вмешаност и го обвини палестинскиот исламски џихад за ракетата. Меѓутоа, таа организација ја негираше одговорноста.
Бајден истакна дека е тажен и огорчен од експлозијата во болницата во Појасот Газа.
Американскиот претседател рече дека Вашингтон ќе му обезбеди на Израел сè што му е потребно за да се одбрани додека води војна против палестинската милитантна група Хамас.
Toj рече дека Хамас е полош од Исламска држава за убивањето на израелски цивили во ненадеен напад на 7 октомври што го предизвика последниот израелско-палестински конфликт.