(ВИДЕО) Таткото на Халанд во војна со фановите на Реал во Мадрид

by Fokus

Алфи Халанд, таткото на фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, направи проблеми на синоќешниот полуфинален натпревар во главниот шпански град.

Реал и Сити одиграа 1:1 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Реал поведе со голот на Винисиус Јуниор во 36. минута на асистенција на Едуардо Камавинга, додека Кевин Де Брујне израмни во 67. минута на асистенција на Илкај Гундоган.

Сепак, не се одвиваше целата акција на теренот, бидејќи Алфи-Инге Халанд, таткото на напаѓачот на „Граѓаните“ мораше да ја напушти ложата на стадионот.

Тој наводно фрлал храна кон навивачите на Реал и ги навредувал, на што организаторите на натпреварот реагирале.

По размената на навреди, навивачите во еден момент му извикуваа „адиос“ на 50-годишниот поранешен фудбалер, а видеото од тој инцидент стана вирално на интернет.

 

Поврзани новости