(Видео) Такер Карлсон потврди: Ќе го интервјуирам Путин, на Запад никогаш не го слушнале неговиот глас

by Fokus

Поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон потврди дека навистина ќе го интервјуира Владимир Путин по шпекулациите дека вчера бил забележан во посета на кабинетот на рускиот претседател. Карлсон, кој беше отпуштен од Фокс Њуз минатиот април, објави четириминутно видео на Х во кое објаснува зошто решил да го интервјуира.

Тој ги опиша интервјуата на западните новинари со украинскиот претседател Володимир Зеленски како „улизувања“ и „владина пропаганда“. Ги критикуваше медиумите што не го интервјуирале рускиот лидер, посочувајќи дека западната публика „никогаш не го слушнала неговиот глас“ и дека тоа е „погрешно“.

„Не ве охрабруваме да се согласувате со она што Путин би можел да го каже во ова интервју, но ве покануваме да го погледнете. Треба да знаете што е можно повеќе. А потоа, како слободни граѓани, а не робови, донесувајте одлуки“, вели Карлсон.

Тој рече дека американскиот мултимилијардер Илон Маск му потврдил дека нема да го „блокира“ или „забрани“ на социјалната мрежа Х планирано интервју со Путин“.

Поврзани новости