1.1K
Македонската фудбалска селекција е во финалето за пласман на СП во Катар, откако вечерва со големо чудо славеше над Италија, благодарение на погодокот на Александар Трајковски во 92-та минута од мечот.
Тимот на Роберто Манчини напаѓаше преку целиот натпревар, растеше тензијата кај Италијанците, а Трајковски приреди вистински шок за домаќините, а невидена радост за целата македонска нација.
Одлично биеше Трајковски од речиси 25 метри во аголот на Донарума, кој се истегна колку што е долг, но топката заврши во неговата мрежа.
Тимот на селекторот Благоја Милевски ќе игра против Португалија, која беше подобра од Турција со резултат 3-1.