Мохамад Ал Асвад бил на само 100 метри од бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа кога слушнал звук на огромни ракети.
Израел денеска бомбардираше бегалски камп, кој е еден од осумте најголеми бегалски кампови во Појасот Газа. Во нападот загинаа десетици луѓе.
„Трчав како луд во областа. Го најдов моето семејство безбедно, но сцената беше ужасна“, изјави Ал Асвад за Си-Ен-Ен по телефон од Појасот Газа.
„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а сивата прашина го исполни воздухот. Тела висеа од урнатините, многу од нив непрепознатливи. Некои крвареа, а други изгореа“, рече тој.
An Israeli air strike has hit the densely-populated Jabalya refugee camp in northern Gaza, Israel Defense Forces confirm. Now, at least 50 people are dead and another 150 wounded, local health authorities say. pic.twitter.com/t0AWEkaUHu
— VICE News (@VICENews) October 31, 2023
Повеќето од неговите роднини живееле во оваа област, како и многу прогонети кои дошле таму. Погодената област беше толку жешка што му изгореа нозете, рече тој.
„Луѓето беа хистерични, повеќе од 40 куќи беа целосно уништени. Жените врескаа. Не знаеја дали треба да плачат по децата или да трчаат да ги бараат, особено што многу деца си играа во соседството“, изјави сведокот.
Ал Асвад рече дека претходно добил обука за цивилна одбрана и за болничар за да може да помогне во спасувањето на луѓето.
„Повредените луѓе се обидоа да ги пренесат своите најблиски и да ги однесат во амбулантни возила, без разлика дали се мртви или тешко повредени. Други ги користеа своите колички со магариња за да ги однесат повредените во болници“, рече Ал Асвад.