(ВИДЕО) „Суши тероризам“ во Јапонија – уапсени три лица кои плукале во туѓа храна

by Fokus

Полицијата во Јапонија уапсила три лица осомничени за таканаречен „суши тероризам“. Ова претставува пракса која е закана за светски познатите суши ресторани кои се со подвижна лента.

Минатиот месец стана вирално видео на кое се гледа маж кој лиже шише соја сос на „суши воз“, што предизвика гнев во Јапонија. Можеше да се види како тој остава плунка на садовите кои поминуваат на лентата во ресторан од брендот „Кура суши“.

По него, се појавија уште многу слични снимки.

Дел од големите суши ресторани во Јапонија апелираа да престанат саботажите на нивната храна. Дел од рестораните престанаа да служат суши на подвижна лента, што беше нивна главна атракција.

„Виралниот видеотренд е крајно опасен и претставува закана за основите на суши рестораните со подвижна лента, која е дел од јапонската култура“, соопштија од „Кура суши“.

Луѓе се снимаат како лижат стапчиња за јадење и чинии и како допираат или плукаат во туѓи нарачки додека истите се движат по лентата.

Во градот Нагоја е уапсен 21-годишник кој лижел заедничко шише соја сос, а во сето тоа биле вклучени и 19-годишник и 15-годишник. Ја признале вината.

Поврзани новости