(ВИДЕО) Сурова одмазда на Дончиќ против „неговиот“ Далас, со трипл-дабл

by Fokus

Настанот од претходната вечер во НБА лигата беше апсолутно првиот натпревар на Лука Дончиќ против Далас Маверикс, кој неочекувано го трејдуваше на почетокот на месецот во Лос Анџелес Лејкерс.

„Езерџиите“ славеа во „Крипто Арена“ со резултат 107:99 со феноменалната партија на Словенецот кој очигледно имаше голема причина да и се реваншира на поранешната екипа.

Дончиќ беше многу расположен и забележа трипл-дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции. Со неколку потези насочени директно кон Ник Харисон, човекот кој го трејдуваше од Мавс во Лејкерс.

Најефикасен тим од Лос Анџелес беше Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока. Остин Ривс додаде 20 поени.

Во тимот на Далас, за кој поради повреда не настапи Ентони Дејвис, најефикасен беше Кајри Ирвинг со 35 поени и седум скока.

Дончиќ погоди неколку многу тешки удари, но имаше и интересни асистенции, па славеше и во свој стил.

Лејкерси го забележаа деветтиот триумф во последните 11 натпревари и сега се четврти во западната конференција со 35 победи и 21 пораз, додека Далас е деветти со скор 31-28.

Поврзани новости