Во денешните судири во Париз помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци.
Mass 'Yellow Vests' protests rock French capital for 3rd weekend https://sptnkne.ws/khau
Publiée par Sputnik sur Samedi 1 décembre 2018
Приведени се повеќе од сто демонстранти.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.
Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.
Француските власти стравуваат дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото.
Полицијата употреби солзавец и против „жолтите елеци“ пред Триумфална капија, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили.