(Видео) Судири на аеродром во Дагестан по слетување на авион од Израел, има повредени и уапсени

by Fokus

Над 20 луѓе се повредени во немири кои избувнале синоќа на аеродромот во градот Махачкала, во руската кавкаска Република Дагестан со претежно муслиманско население, по слетувањето на авион од Израел, јавуваат агенциите.

Стотина луѓе на аеродромот извикувале антисемитски пораки и се обиделе да уапднат во авионот на рускиот превозник „Ред вингс“ (Red Wings).

Поради инцидентот, Израел ја повика Русија да ги заштити неговите државјани.

Гувернерот на Дагестан изразил уверување дека одговорните за инцидентот ќе бидат казнети, додека министерството на оваа руска република соопшти дека во немирите се уапсени 60 лица.

Руските воздухопловни власти најавиле дека аеродромот ќе биде затворен до 6 ноември.

Локален канал за вести на Телеграм објави дека демонстранти се обиделе да го проверат идентитетот на патниците кои пристигнале, за да се спречат Евреи да го напуштат аеродомот.

Дагестанските власти, како што пренесува РСЕ, ги обвинија „непријателите на Русија“ за поттикнување антисемитски чувства, откако Центарот за координација на муслиманите од Северен Кавказ ги повика властите да спречат бегалци од Израел да влезат во руската република, објавија медиумот „Кавкаски јазол“.

Поврзани новости