Двајца пожарникари загинаа, а околу 20 лица се повредени по судир на авион при полетување и противпожарно возило на писта на најфреквентниот аеродром во Перу, јавува „Би-Би-Си“. Инцидентот на меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез“ во Лима, според британскиот сервис, се случил вчера попладне, околу 15:30 часот по локално време.
Министерството за здравтсво на Перу соопшти дека 20 патници се задржани на лекување поради лесни телесни повреди, две лица се потешко повредени во несреќата додека 31-годишен пожарникар се наоѓа во критична состојба.
Во тек е истрага за причините за несреќата. Не е познато зосто противпожарно возило се наоѓало на писта во моменти на полетување на авионот на авиокомпанијата „Латам Ервејс“ кој добил дозвола за полетување.
🇵🇪 | URGENTE: Se incendia un avión de Latam al momento del aterrizaje en el aeropuerto internacional Jorge Chávez de Lima.
pic.twitter.com/3a5vjWdkUe— Alerta News 24 (@AlertaNews24) November 18, 2022