Премиерлигашите Ливерпул и Арсенал приредија вистински фудбалски спектакл (мечот заврши 2-2), но овој премиерлигашки меч, за жал, нема да трае долго во сеќавањето по убавите потези, голови и драмата, туку за скандалот на „Енфилд“.
Го предизвика помошникот судија Константин Хадсидакис кој со лакт го удри Енди Робертсон од Ливерпул, што беше снимено од телевизиските камери, па не требаше долго да стане главна тема во британските медиуми!
What's up with the linesman elbowing Robertson? 😂 pic.twitter.com/lZ5gcxhu8q
— FPL Focal (@FPLFocal) April 9, 2023
Сето тоа се случи на полувремето од мечот кога Робертсон му пријде на Хадсидакис за да се пожали на една ситуација, по што помошниот судија бурно реагираше и го удри со лакт во брадата репрезентативецот на Шкотска.
Откако натпреварот продолжи, актерите се однесуваа како ништо да не се случило, а вистинското прашање е што можеше да направи судијата Пол Тирни?
— Yunkenny (@AkomolafeKehin9) April 9, 2023
Капитенот на „црвените“ Хендерсон му објаснуваше на судијата што се случило и како помошник судијата направил незаборавна грешка, но Тирни изгледа дека немал ништо од тоа и целиот случај ќе мора да го анализира независна комисија од фудбалски судии.