Видеото на кое Владимир Путин цврсто се држи за масата за време на средбата предизвика шпекулации за здравјето на рускиот лидер, пишува „The Telegraph“.
In social networks, people noticed that #Putin, at a meeting with #Shoigu, sat all the time in an unnatural position, grabbing the table with his hand and not letting go.#Ukraine pic.twitter.com/LCz44KJbF9
— Alex Patrushev (@Magnifyingglas_) April 21, 2022
Шефот на Кремљ е прикажан како разговара со Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, за ситуацијата во Мариупол.
Шојгу го информира Путин дека Мариупол паднал, а Путин му честита за тоа, пишуваат медиумите во регионот.
Според овие написи, ставот на Путин покренал прашања за неговата здравствена состојба, за која некои набљудувачи велат дека нагло се влошила по почетокот на војната на 24 февруари.
Рускиот претседател за време на средбата бил стуткан на столче и не сакал да го пушти аголот од масата што цврсто го држел со десната рака.
Шојгу го прочитал своето кратко обраќање до Путин на хартија, пренесуваат медиумите.
Тие пишуваат дека Путин е редовно придружуван од неврохирург, па дури и неколку лекари.
Кремљ претходно ги негираше тврдењата дека Путин боледува од рак, а истото го направи и сега.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за рускиот медиум „Правда“ изјавил дека не се точни приказните за ракот на тироидната жлезда на Путин, како и информациите дека рускиот претседател бил опериран.