446
Студентскиот пленум објави видео за да алармира за катастрофалната состојба во која се наоѓа студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во видеото се прикажани условите во кои студентите живеат и опасноста која секојдневно им се заканува.
-Студентите порано се ракуваа кога ќе се сретнеа на скалите во домовите, сега си подаваат шлемови за да се заштитат и преживеат, пишуваат од Студентски пленум за видеото.