407
Весело беше до доцна синоќа пред хотелот на Вардар во Келн, по неверојатниот успех на македонската екипа и новата европска титула во својата историја.
Несомнено, навивачите „Комити“ беа најголемата поддршка на тимот, а ракометарите ја искористија приликата и ја прославија титулата со најверните поддржувачи.
Mad scenes outside the team hotel in Cologne! @HCVardar #hellocologne #ehffinal4 #veluxehfcl pic.twitter.com/oW25OorIgg
— EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019
Стоилов, Дибиров, Карачиќ и останатите ракометари лудуваа пред хотелот каде што беше сместен тимот на Вардар, на огромно задоволство на навивачите кои можеа да го фотографираат и да го допрат вредниот трофеј.