670
Силните бури со грмотевици и ветрови го погодиле францускиот остров Корзика. Бројот на настрадани расте и од утрово смртно настрадале пет лица, а повеќе се повредени, јавуваат француските медиуми.
Според информациите, ветрот достигнал до брзина од 224 километри на час а 13 годишно девојче загинало откако стебло паднало во кампот каде престојувало.