Еден човек загина, а неколкумина се тешко повредени откако автомобил удрил во дозер за гориво на бензинска пумпа, на постојката за одмор Мосор Југ кај Омиш, во правец кон Дубровник.
Директорот на Одделот за итна помош на сплитската КБЦ Лео Луетиќ, потврдил за Хина дека три повредени лица се пренесени во сплитската КБЦ. Сите тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а животот на едно лице е во опасност, изјави Луетиќ.
Како што дознава Слободна Далмација, еден од опожарените автомобили е „цитроен“ со албански регистарски таблички, а изгорел и возачот на БМВ-то кое удрило во генераторот.
Не се познати причините за несреќата.
Сликите од местото на настанот до кои дојде Индекс, направени веднаш по гаснењето на пожарот, го покажуваат ужасниот обем на пожарот.
Целосно изгореле три автомобили, а еден е опожарен. Изгореле и неколку генератори со гориво.