Железничката несреќа која се случи недалеку од главниот град на Чиле – Сантијаго, во која најмалку две лица загинаа, а девет се повредени, ја шокираше јавноста.
Товарен воз полн со патници директно се судрил со друг воз кој бил на пробно возење, предизвикувајќи страшна трагедија.
Полицијата веднаш започнала истрага за утврдување на причините за оваа страшна несреќа. Според соопштението на државната железничка компанија, товарниот воз кој превезувал големо количество бакар – 1.346 тони бил полн со луѓе.
Од друга страна, во вториот воз имало десет работници кои биле на пробно возење. Надлежните рекоа дека причина за судирот може да биде неисправност на сигналниот уред.
Министерот за транспорт Хуан Карлос Муњоз изјави за АП дека е неопходно да се идентификуваат причините за несреќата за да се преземат соодветни мерки.
Властите ги идентификуваа двајцата загинати како членови на екипажот на товарниот воз, додека девет лица, меѓу кои четворица кинески државјани, се повредени.
Медицинските работници ја опишаа нивната состојба како сериозна, но стабилна.