1.2K
Струмица.нет објави видео сторија која пред 5 месеци била снимена со Драги Мицев, началникот на воздухопловните сили во МВР кој завчера загина во трагичната хеликоптерска несреќа во близина на Струмица.
„Возбудата, адреналинот… секој лет за себе е убав, има само поризични и понеризични летови…“, изјавил Мицев.
Во хеликоптерската несреќа што се случи во четвртокот околу 22 часот во близина на Струмица загинаа Драган Мицев, Маријан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, едни од најискусните и најдобро обучени пилоти во МВР.