СДС да каже дали 150% поголемата маржа на Марковски компани од ремонти во РЕК завшува во партијата? ЈО да реагира, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„ЈО не смее да молчи. Имаме два договори за ремонти во РЕК Битола, и двата добиени од Марковски компани, едниот од 2023, другиот од 2024 година. Покрај разликата од 1 година има и разлика во цени од над 150%.
Ако Заев одеше едно за црквата, едно за Вицето, кај Филипче и двете се за некој нов Вице.
Секој граѓанин знае дека цената за ремонти од лани до сега не скокнала 150%, и исто така знае дека и лани Марковски компани со сигурност не работела тендер со загуба, т.е. дека имала маржа, т.е. заработувачка. Логички се поставува прашањето ако и лани фирмата профитирала, а имала можеби и повеќе од профит, тогаш оваа година каде завршиле парите?
Филипче да каже дали ги оправдува набавките на ЕСМ направени од неговите луѓе, и дали смета дека истите не смрдат на криминал? Ако не го каже тоа сомнежот дека всушност тој се крие зад истите ќе биде поголем од кога било“ изјави Стојаноски.