СДС, ДУИ и Левица вчера ја почестија Данела Арсовска со гласање за буџет од 130 милиони евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Вчера повторно проработе коалицијата СДС, ДУИ, Левица со Данела Арсовска.
На седница на Советот, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, а СДС ги повлече амандманите, и здушно заедно го гласаа буџетот. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше.
Вчера беше донесен најпогубниот неразвоен буџет скроен по теркот и меракот токму на СДС, ДУИ и Левица, и со нивните гласови тој беше изгласaн во советот на Град Скопје.
Арсовска со помош на СДС, ДУИ и Левица донесе буџет со којшто Арсовска ги укинува капиталните инвестиции, ги намали субвенциите, буџет со којшто парите можат да завршат во приватните џебови на пајташите на Арсовска.
Медарката Арсовска си обезбеди полни раце мед со гласовите на Левица, ДУИ и СДС. Честито за коалицијата, жалење за новата загубена година“ порача Стоилковски.