(Видео) Стоилковски: Народот за пасоши во хангар, а криминалците во МВР

by Fokus

Македонски даночни обврзници ги втера во хангар да вадат документи, да ги фотографира, небаре е постконфликтен Авганистан, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Овој хаос зад мене е сликата како СДС со Оливер Спасовски замислува европеизација! Ниту систем постои, ниту закажување, туку редици и турканици.

Жално е што Оливер Спасовски и МВР подостоинствено и со поголема почит се поставија пред 215 белосветски криминалци кога им вадеа пасоши, отколку кон македонскиот народ кој што ги плаќа“ рече Стоилковски.

Тој му порача на Спасовски наместо да се слика со донации од Заев во пред кампања за претседател, да си поднесе одговорност и оставка.

Поврзани новости