Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ! Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија. Но затоа – дознавме дека на СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.
– Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени.
– Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?
– И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?“ рече Стоилковски.
Тој обвини дека 20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија не излегол со став или осуда, ама затоа, како што вели, биле здружени со заменик министерката Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време.
„Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?
Ова е фотографија од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година, една недела по хаосот на Хирургија. Таа во Кабинет заедно со министерот си прославуваат со торти додека цела Хирургија тоне.
Толку од грижата на Манолева“ порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.