(ВИДЕО) Стоилковски: Дали Ковачевски кога вели „има до трето колено вработувања од исто семејство во М-НАВ“ мисли на Љупчо Николовски?

by Fokus

„СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам, кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ! Кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам `има до трето колено вработувања од исто семејство` дали при тоа мислеше на неговиот министер Љупчо Николовски?“ праша денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој вели „според информациите сега, во М-НАВ е вработен негов внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му! Семејната фирма на СДС и ДУИ, М-НАВ, е претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам. Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби- снаа, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – вработил внук“.

„Јавноста памети од 2018 континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ. Потсетуваме дека во 2018-тата информираа дека затоа што не прифаќаа и трпеа притисоци и беа сменети членови на комисијата во М-НАВ, се до вработувања на партиските кадри. Ама тогаш во М-НАВ не влезе трудова инспекција. Се случи бандитизам во М-НАВ затоа што партиските банди се научени агенцијата да служи за вработување на партиски кадри иако немаат врска со потребите на М-НАВ“ рече Стоилковски.

 

Поврзани новости