(ВИДЕО) Стјуардеса од Белград се бори за живот – била во авионот кој се преврте на писта во Торонто

by Fokus

Стјуардесата Вања Виќентијевиќ (32) од Белград била во авионот на американската компанија „Делта ерлајнс“ кој се преврте при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто.

Во несреќата Вања е тешко повредена и се бори за живот, според последните информации.

Семејството на Вања е загрижено, а знаат само дека таа е во болница и дека е во критична состојба, односно дека лекарите се борат за нејзиниот живот.

Според нив, Вања била стјуардеса на летот 4819, која имала сериозен инцидент при слетувањето во Торонто.

„При превртувањето на авионот реброто и го прободе белодробното ткиво, а сега е во состојба на медицински шок, не е свесна. Состојбата е многу критична, а се бори за живот. Само толку ни кажаа од болница, друго не знаеме“, тврди за српски „Блиц“ нејзината братучетка Мирјана Дориќ.

Според Мирјана, Вања, која е родум од Сопот, е во болница.

„Бараат некој од семејството да оди таму за детали. Не сме во можност да ја посетиме, а посетите се забранети. Ништо повеќе не слушнавме од медиумите. Семејството е очајно, се надеваме на најдобро и дека ќе излезат. Само тоа ни остана”, вели братучетката.

Да потсетиме, шефот на аеродромот во Торонто, Тод Ајткин, денеска изјави дека 18 патници кои се здобиле со повреди се пренесени во локалните болници. Истрагата за несреќата продолжува, но Ајткин рече дека пистата на која слета авионот била сува и дека во тоа време немало страничен ветер.

Медиумите претходно објавија дека три лица од авионот се тешко повредени, меѓу кои и едно дете.

Патниците откако успеале да го напуштат авионот раскажале каква драма доживеале.

Поврзани новости