Во силниот земјотрес што го погоди Тајван делумно се урнаа две големи згради, а се знае дека досега загинале најмалку седум луѓе, додека пак најмалку 50 се повредени.
Последиците од разорниот земјотрес се видливи на секој чекор. Спасувачките екипи излегоа на терен.
Би-би-си јавува дека некои мостови во планините се урнале или биле однесени од лизгање на земјиштето. Има и видео од огромните одрони.
Во Тајван се очекуваат лизгање на земјиштето во случај на таков силен земјотрес поради топографијата – овој дел од островот има стрмно и нерамно крајбрежје со планини кои одат директно во морето.
Моментот на земјотресот е снимен од надзорните камери во Тајпеј.
Надзорните камери го забележаа и земјотресот во Таојуан.
Камерите во становите и канцелариите на весниците исто така го снимиле земјотресот.
Погледнете и како изгледаше земјотресот во домовите и на улиците во кинеската провинција Фуџијан: