Српскиот политичар Срѓан Ного кој вчера објави фотографии во врска со двојното убиство на Вања и Панче, се предомисли и не ги објави информациите и видеото кои ги најави за денеска. Тој објави само кусо видео во кое тврди дека таткото на 14-годишната Вања ги открил виновниците и го решил случајот. За утре најави досега невидени информации и видео кои ќе ги објави на неговиот јутјуб канал.
Во денешната објава се слуша како вели дека има снимки од бензинска станица каде се гледа како Панче Жежовски е заедно со киднаперите, но се слуша и таткото на Вања како разговара со инспекторите. Со овие објави српскиот политичар отвора сомнеж дека токму таткото на убиената Вања го открил целиот случај а не полицијата.
Во меѓувреме, Александар Ѓорчевски доби притвор и моментлно е приведен.
„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, вели Ного.
Тој додава дека утре ќе објави нови информации за овој случај, за се она што полицијата го сокрила од македонската јавност.