Преттседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Белград ќе има летечко такси во 2027 година.
„Кинезите во моментов се единствените во светот способни за она што е нашата цел, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, без разлика колку и да ви изгледа чудно или мене. Ќе дадеме се од себе за да биде прв или втор во Европа што ќе воведе летечки такси до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ.
Тој пред два дена најави летечки автомобили како гостин на телевизискиот канал на неговиот омилен ултра-таблоид Информер.
Predsednik Srbije rekao je da će Srbija imati leteći taksi do 2027. godine, za EKSPO pic.twitter.com/X2XBXP7GwP
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) April 8, 2024
Таму рече дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека доколку во меѓувреме нема поголеми безбедносни проблеми, Србија до 2027 година ќе има летечко такси за ЕКСПО.
Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кој траел повеќе од три часа и дека договориле купување на борбени авиони Рафал, за кои ќе бидат потпишани договори во следните два месеци.
„Многу сум среќен поради резултатите од тие разговори, среќен затоа што можевме на отворен и конкретен начин да разговараме за сите видови соработка со една од најважните земји во светот. И, ми се чини, постигнавме некои конкретни договори и за купувањето на „рафал“, каде очекувам потпишување на договорот во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за нашата земја на повеќе нивоа” изјави Вучиќ по состанокот на Деловниот совет Франција-Србија.