Обезбедувањето и неколку пратеници спречија физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за поставување на опозициски пратенички прашања.
„Не ми ја мешај фамилијата, гледате дека ми пцуе сестра“, викаше Апасиев кон пратеници упатувајќи пцовки кон нив.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пуза.
Мешаницаста настана кога Реџеп Исмаил од Левица му постави пратеничко прашање на премиерот Христијан Мицкоски, а тоа претходно не било писмено најавено кај претседателот на Собранието. На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека го изигруваат Деловникот. По ова настана мешаница, а Апасиев од место довикуваше и замавнуваше со, најверојатно Деловникот кон пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.