(Видео) Спречен уште еден масакр во Прага:„Инспириран од пукањето на факултетот сакал да купи пиштол и да убива“

by Fokus

Чешката полиција вчера, по масовното пукање на универзитет во кое беа убиени 14 лица, спречи уште еден потенцијален масакр.

Како што соопшти полицијата на социјалната мрежа Х, уапсено е лице кое било инспирирано од пукањето во Прага.

„Вчера вечерта јавувач рекол дека е инспириран од пукачот, дека сака да купи пиштол и да убие. По неколку часа, лицето е идентификувано а подолу е видеото од неговото апсење.

Акциите се уште се во тек, досега се оквалификуваше како ширење алармантна порака“, стои во описот на објавата, која вклучува видео од полициската акција.

Директорот на прашката полиција Петр Матејчек денеска на прес-конференцијата во врска со пукањето на Филозофскиот факултет изјави дека полицијата околу 00:30 часот снимила телефонски повик на лице кое се заканувало дека ќе пука во луѓе.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан денеска соопшти дека полицијата ги идентификувала сите 14 жртви на пукањето во Прага, каде што во четвртокот 24-годишен студент отвори оган на Филозофскиот универзитет Карлов.

Поврзани новости