Ерупцијата на вулканот на Исланд продолжи во текот на ноќта, но со намален интензитет и без сеизмичка активност. Ерупцијата е снимена и од сателит, објави Максар.
Интензитетот на ерупцијата е намален по драматичните сцени видени во вторникот наутро, иако магмата продолжува да протекува од вулканот.
Министерот за надворешни работи на Исланд, Бјарни Бенедиктсон рече дека експертите предупредија дека ерупцијата може да трае со месеци. Тој рече дека ерупцијата во понеделникот била „многу поголема“ од оние видени во последниве години, кои тој ги опиша како „убави туристички ерупции“.
„Што треба да очекуваме понатаму? Она што тие ни го кажуваат е дека ова може да трае со недели или дури и потенцијално месеци“, рече Бенедиктсон.
Тој рече дека ерупцијата се случила на „правото место“ и дека лавата не се движела кон блискиот рибарски град Гриндавик, кој беше евакуиран во ноември како мерка на претпазливост.
Сепак, луѓето нема да можат наскоро да се вратат во своите домови.
„Ние следиме што се случува и научниците ни даваат нови информации секој ден“, додаде тој.
Во меѓувреме Максар објави сателитски фотографии од ерупцијата.
A new video of the eruption at Geldingardalur valley in Reykjanes peninsula. Taken from the Coast Guard helicopter. #Reykjanes #Eruption #Fagradalsfjall pic.twitter.com/B862heMzQL
— Veðurstofa Íslands / Icelandic Met Office (@Vedurstofan) March 19, 2021
Исландската метеоролошка служба ја објави оваа спектакуларна воздушна снимка од ерупцијата, направена од хеликоптер на крајбрежната стража.