Даниел Дубоа (27) го нокаутираше предизвикувачот Ентони Џошуа (34) во петтата рунда пред 96.000 гледачи на „Вембли“ во англиска борба и на тој начин го одбрани појасот на светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ.
Дубоа ја контролираше целата борба и неколкупати го собори противникот, чија кариера британските медиуми ја прогласија буквално за завршена по „најубедливиот пораз во неговата кариера“.
Ова беше негов четврти пораз во 32 борби, додека Дубоа има 22 победи (21 со нокаут) и два порази.
DANIEL DUBOIS HAS KNOCKED OUT ANTHONY JOSHUA!!! WHAT A PERFORMANCE!#JoshuaDubois #Boxingpic.twitter.com/By8gbt42rT
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 21, 2024
„Дали се забавувавте? Тоа беше неверојатно патување и јас сум благодарен за можноста. Јас сум гладијатор, борец до самиот крај. Мојата цел е да го достигнам врвот на овој спорт и да го достигнам мојот целосен потенцијал” – изјави Дубоа по натпреварот.
oh my god this angle of Anthony Joshua 😭😭😭 pic.twitter.com/FPChyNgBvv
— ACD MMA (@acdmma_) September 21, 2024