(ВИДЕО) Спасовски: Гаши го крши Деловникот – не се доставуваат законите навреме до пратениците

by Fokus

Претседателот на Собрание – Африм Гаши, наместо да ги почитува деловничките одредби, го крши Деловникот, упорно не се доставуваат законите навреме до пратениците, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.

– Ние вчера, како пратеници, ги добивме законските решенија во 17 часот. Денес претседателот на Собранието Гаши, ги става повторно на дневен ред. И сега, кога зборуваме за двојни стандарди и начин на функционирање на Деловникот, овде единствено одговорен е Африм Гаши и никој друг во ова собрание. Не може за некој законски текстови да кажува дека тој има право на интерпретација на деловникот, да ги интерпретира, како и кога сака. А, кога го прашувавме за законските текстови коишто беа доставени до собрание, Гаши, чекаше скоро 15 дена без да ги достави, иако според деловникот тој е должен во рок од 3 дена да ги достави до пратениците, Гаши бараше милион изговори тоа да не го направи. Денес продолжува на ваков груб начин да го крши деловникот и не дава никакво одобрение, освен што вели ‘ имам апел до пратениците‘ – рече Спасовски.

Спасовски повика Гаши да застане со апелите и да почне конечно собранието да работи, така што ќе бидат усогласени законските текстови и навреме доставни, а не да се крши правото на дебатата со тоа што законските текстови набрзина ќе се ставаат на дневен ред на собраниската седница.

Поврзани новости