Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за дезинформации поврзани со наводните киднапирања на деца, што се ширеа по социјалните медиуми.
„Како наближува годината на избори почнуваат да се плетат такви приказни. Ако погледнете историски, пред три години, истава оваа шема во јавноста беше дека наводно се појавуваат групи, автомобили, комбиња кои киднапираат деца. Таква информација, односно дезинформација се појави и вчера, која ја пренесоа и медиумите. Веднаш лицето беше приведено, за него бараме по итна постапка да се одредели мерка притвор, зашто никој не смее да се игра со мирот и спокојството на граѓаните.
Лицето само призна дека го измислило овој настан. Упатувам апел дека енергично ќе се бориме со вакви манипулации, без разлика од каква природа се и од кого доаѓаат. Граѓаните да бидат спокојни и мирни во однос на безбедноста”, изјави Спасовски.