Сите 41 работник кои беа заробени повеќе од две недели по уривањето на тунел во Индија денеска се спасени, соопштија локалните власти, а пренесе Би-би-си.
Тие поминаa 17 дена под земја.
Челична цевка доволно широка за да им овозможи на луѓето да минуваат низ неа. Спасувачките екипи копаа со машини и рачно за да стигнат до работниците и ги извлекоа преку цевка поставена во отворот.
#UttarakhandTunnel | Ambulances leave from the #Silkyara tunnel site as nine workers among the 41 workers trapped inside the #SilkyaraTunnel in #Uttarakhand since November 12 have been successfully rescued.#cliQIndia #UttarakhandTunnel #SilkyaraTunnelRescue… pic.twitter.com/rjEoKbNzVE
— cliQ India (@cliQIndiaMedia) November 28, 2023
По уривањето на тунелот, работниците преку цевководот се снабдуваа со вода и сува храна, додека комуницираа преку токи-воки.
Од препреките на тој планински терен, машината за дупчење се расипуваше неколку пати.
Latest on Uttarkarshi tunnel collapse: 9 workers successfully rescued, with efforts underway to bring out the remaining individuals, assures a rescue team member (PTI). #UttarakhandTunnelRescue #TunnelRescue pic.twitter.com/tNkCBZ87aW
— Digital Update India 🇮🇳 (@DigitalUpdateIN) November 28, 2023
Тунелот Силкјара во изградба долг 4,5 километри, на фреквентен пат во индиската сојузна држава Утараханд, се урна на 12 ноември.