Спарта Прага ја импресионираше Европа со добрата игра во првото коло од Лигата на шампионите.
Сета моќ на тимот на Ларс Фрис ја почувствува Ред Бул Салцбург во Прага. Дека убедливата победа не беше случајност, вечерва на своја кожа почувствува и германскиот гигант – Штутгарт, откако по 90 минути голема борба победникот немаше, резултатот беше 1:1.
Елитното натпреварување по повеќе од една деценија се врати на „Мерцедес-Бенц Арена“, но навивачите баш и не уживаа во настапот на Швабите.
Избраниците на Себастијан Хенеси поведоа во седмата минута преку Енцо Мијо, но тоа беше се од германскиот вицешампион вечерва.
Натпреварот во Штутгарт изобилуваше со убави потези, но сите останаа во сенка на спектакуларниот гол на Кан Кајринен.
Финскиот репрезентативец, жаргонски кажано, ја тргна пајажината од голот кој во првото полувреме го чуваше Александар Нибел. Играчот од средниот ред на Спарта шутираше директно од слободен удар од над 25 метри и го постави конечниот резултат.
⚽️GOAL🇪🇺 | Stuttgart 1-1 Sparta Praha | Kaan Kairinenpic.twitter.com/JbfD3YM3XU
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 1, 2024