Советничката група на СДСМ во Општина Карпош е против изградба на висококатници во Тафталиџе, изјави Влатко Бислимовски, советник на СДСМ и додаде дека се заложуваат за хумана урбанизација и хумано живеење.
„Во оваа насока советничката група не поддржува проекти со огромни висококаници да никнат во Тафталиџе. Тоа нема да го дозволиме. Ова место во Карпош е главниот проток на воздух во градот и така треба да остане.
Секако дека на Општина Карпош и се потребни инвестиции, меѓутоа на соодветно место и со соодветна инфраструктура.
Најостро ги демантираме изјавите на советничките групи на ДПМНЕ и ЛЕВИЦА кои заедно континуирано ја опструираат работата на советот и општината, во спротива на интересите на граѓаните“ изјави Бислимовски.
Како што рече опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани за носење на буџетот не е бојкот за носење на било кој ДУП, ниту пак доказ за работа и посветеност, туку, како што вели конкретна опструкција на работата на Советот и Општината.
„4.000 амандмани во кои на пола е сменета само 1 бројка се доказ за деструкција и бојкот на советот за тотална нефункционалност на општината. Ние како советници сме должни да работиме само и само во интерес на граѓаните, без никакви драми, одолжувања и бојкоти“ посочи Бислимовски.