(Видео)Сондата на НАСА со примерок од опасен астероид слета на Земјата

by Fokus

Вселенската капсула на НАСА, која носи примерок од карпест материјал земен пред три години од површината на астероидот Бену, успешно слета на Земјата откако беше спуштена со падобран од сондата Осирис Рекс на вселенската агенција. Во директен пренос на американската вселенска агенција, капсулата, која, според проценката на НАСА, треба да носи околу 250 грама материјал собран на Бену, се гледа како се спушта со помош на падобран во американската сојузна држава Јута.

Веднаш по слетувањето, примерокот беше пренесен во лабораториите на НАСА во Тексас за тестирање. Со помош на 60 различни научни пристапи, тим од околу 200 стручњацисе надеваат дека ќе можат да ги анализираат камењата и прашината од астероидот во обид да откријат индиции за тоа како настанал животот на Земјата.

 

Поврзани новости