Сондата ОЗИРИС-Рекс на НАСА треба да се врати од своето долго патување низ вселената и да слета на почвата на западната пустина во американската држава Jута во недела. Сондата носи скапоцен товар – прашина од огромниот астероид Бену, голем колку планина и најопасен за нас во целиот Сончев систем. Овој примерок би можел да одговори на многу важни прашања: Од каде доаѓаме? Како е возможен живот на Земјата?
-Кога астероидот Бену од 250 g ќе стигне до нас, во нашите раце ќе имаме материјал што постоел пред нашата планета, можеби дури и некои зрна што постоеле пред Сончевиот систем, рече планетарниот научник Данте Лаурета, главен истражувач на мисијата, објави Би-Би-Си.
-Се обидуваме да ја составиме сложувалката на нашите почетоци. Како настанала Земјата и зошто е возможен живот на неа? Од каде доаѓа водата во океаните; од каде доаѓа воздухот во нашата атмосфера; и што е најважно, Кој е изворот на органските молекули што го сочинуваат целиот живот на Земјата?, додаде тој.
Имено, научниците претпоставуваат дека многу од клучните компоненти за развој на животот пристигнале на Земјата во нејзината рана историја преку удар на астероид.
Со цел да ја истражи оваа хипотеза, НАСА лансираше сонда кон астероид со дијаметар од 500 метри во 2016 година. Беа потребни две години за леталото да стигне до Бену, а потоа уште две мапирање на површината пред тимот да најде соодветно место за собирање на примерокот.