Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја објави петтата „бомба“, односно објави прислушувани разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кои според СДСМ, договараат како да го срушат станбениот објект „Космос“ изграден од бизнисменот и политичар Фијат Цановски.
Во неколкуте објавени разговори, според Заев, Јанакиевски и Груевски договараат како да му се руши објектот на Цановски, Груевски предлага да се изгради парк со фонтани наместо зграда. Јанакиевски пак предлага да му се намали габаритот за да нема реакции во јавноста
На крајот Груевски донесува конечна одлука објектот да се руши на први август. Тоа му го пренесува на Јанакиевски, кој пак редовно го известува перемиерот како напредува рушењето.
На Собраниската комисија одржана на 5 октомври 2011 година, министерот Јанакиески упорно тврдеше дека не издал наредба да се руши „Космос“.
„Јанакиески: Не сум издал наредба да се руши „Космос“, дециден беше министерот.
Јани Макрадули од СДСМ, пак тогаш убеден во легалноста на изградбата на станбено- деловниот комплекс, не бираше зборови во комуникацијата со колегите од власта, а особено со министерот за транспорт и врски, Јанакиески.
Еве како течеше собраниската расправа: