Пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска побара јавно извинување од пратениците на Левица за вчерашното однесување во парламентот.
Според неа, во Собранието не им е местото на недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки.
„Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените.
Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста!
Тоа најмногу говори за вас. Срамота!“ порача Пешевска.