ВИДЕО Соборен маж кој прободе жена во центарот на Сиднеј

by fokus

Жена е хоспитализирана откако се здобила со убодни рани во напад со нож што се случи денеска во австралискиот град Сиднеј.

Полицијата успеа да го приведе мажот кој ја нападнал. Тој претходно се обидел со нож да нападне уште неколку луѓе, соопшти полицијата.

Според локални медиуми, пронајдено е и тело во близина на нападот, но засега нема полициски информации дека напаѓачот убил човек.

Поврзани новости