588
Службениците на Централната изборна комисија на Косово, денеска го почна процесот на верификација на пликоата со гласачките ливчиња кои пристигнале во Косово од Србија.
Но, овој прцес од страна на Косовците се врши под детални заштитни мерки. Со маски, посебна облека, капи и ракавици, службениците го вршат овој процес, јавува Експрес.
На 13 октомври во Косово броењето на гласовите од Србија беше прекинато, откако неколку службеници на ЦИК се жалеа дека имале алергиски реакции откако ги отвориле пликоата пристигнати од Србија. Во Инфективна болница во Приштина беа хоспиталзирани 12 претсавници од ЦИК кои се жалеле на алергиски реакции, но откако анализите покажаа дека не станува збор за заразна инфекција тие беа пуштени дома.