168
Маж рани две лица денеска додека пукал со автоматска пушка во продавница во Киев.
На видеото се гледа како млад човек влегува во продавницата со вперена пушка и како клиентите и вработените по неколку секунди истрчуваат за да си го спасат животот.
– На 22 септември околу 14 часот во полиција било пријавено дека непознато машко лице влегло во продавница за обувки и по случаен избор почнало да пука – соопштија од полицијата.
Украинскиот портал „Страна“ наведува дека се ранети продавачката и сопственикот на локалот.
Напаѓачот побегнал, но полицијата успеала да го идентификува и лоцира. Станува збор за локален жител кој претходно бил осудуван. Сега му се заканува затворска казна до 7 години.